На 17 – годишно девојче му е ампутирана ногата како како резултат на трамвајска несреќа што се случи во Сараево.
Во страшната несреќа на раскрсницата во близина на Националниот музеј, едно лице загина, а две други беа повредени.
Несреќата се случила околу пладне спроти Музејот на Босна и Херцеговина, во трамвај што сообраќал на релација од железничката станица до Скендерија.По излетувањето од шините, трамвајот завршил на коловозот, со што сообраќајот во овој дел од градот е целосно блокиран, а исто така е оштетена и трамвајската станица. На местото на настанот се присутни парамедици и надлежните органи, а областа на несреќата е оградена со полициска лента, објави Анадолу.
Според неофицијални информации, еден маж е загинат, а едно од повредените лица е девојче родено 2009 години на кое му е ампутирана ногата. Таа моментално е во операционата сала во Општата болница.



