Вчера во 23.50 часот, во Струмица од страна на полицијата бил уапсен 38-годишен жител на Струмица, кој се сомничи дека извршил силување врз малолетник од Струмица.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.