Полицијата го уапсила С.Ј. (32) од Алексинац осомничен дека силувал 24-годишна девојка во Ниш, соопштено е денеска.
Тој е осомничен дека силувал девојка во лифт на зграда во центарот на Ниш.
Нему му е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава за силување ќе биде изведен пред вишиот јавен обвинител во Ниш.