Силно невреме попладнево го зафати подрачјето на Кратово и реонот западно од Велес, каде што се регистрирани пороен дожд, засилен ветер, интензивни грмежи и локална појава на суградица.
Според моменталните метеоролошки информации, нестабилниот облачен систем се движи кон исток, што значи дека во наредниот период невремето ќе зафати и други делови од источниот дел на земјата.
Во подрачјата кои ќе се најдат на патеката на движење на облачната маса се очекуваат интензивни врнежи од дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град.
Се препорачува граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат престој на отворено за време на грмежите и да ги заштитат возилата и земјоделските култури доколку постои можност за појава на град.
Претходно силно невреме попладнево го зафати подрачјето на Неготино и реонот западно од Кавадарци, каде што се регистрирани пороен дожд, засилен ветер, интензивни грмежи и локална појава на суградица.
Во регионите кои ќе бидат погодени се можни интензивни врнежи од дожд, силни електрични празнења, засилени налети на ветер и локална појава на град.




