Нестабилното време попладнево го зафати југоисточниот дел на државата.
Во Струмица се регистрирани врнежи од дожд проследени со грмежи, додека западно од Валандово има силно невреме со пороен дожд, засилен ветер и интензивни електрични празнења.
Според моменталната состојба, облачниот систем се движи од запад кон исток, што значи дека во наредниот период невремето ќе се преместува кон источните делови на регионот.
Во подрачјата кои ќе се најдат на патеката на движење се очекуваат интензивни врнежи од дожд, силни грмежи, засилени налети на ветер, а локално не е исклучена ниту појава на град.
Се препорачува граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат престој на отворено за време на грмежите и да ги заштитат возилата и земјоделските култури доколку има услови за појава на град. Возачите треба да ја приспособат брзината на движење поради намалена видливост и влажни коловози.




