УХМР најавува невреме во Македонија – ЕВЕ КОГА

Македонија денеска ќе биде под влијание на сончево и многу топло време, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 29 до 37 степени Целзиусови.

Во главниот град се очекува претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер.

Минималната температура во Скопје ќе биде околу 14 степени, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе продолжи претежно стабилното и топло време, со умерен, а на места и повремено засилен ветер од северен правец.

Во недела се очекува локален развој на нестабилна облачност. На одделни места ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

Претходна вестПристигна убава вест: Овие граѓани да си ги проверат сметките, ќе добијат прилив на средства
Следна вестГолема трагедија во Грција: Во несреќа загина 36-годишниот Мартин Велев