УБАВА ВЕСТ: Пронајден е Богдан – тој е заедно со фамилијата и е во добра здравствена состојба

Добри вести од Албанија – пронајден е четиригодишниот Богдан, за чие исчезнување во областа Алто Маре, во близина на Голем, претходно беше информирана јавноста.

Богдан е повторно со своето семејство и, според информациите, е во добра здравствена состојба.

Семејството претходно упати апел до граѓаните во областа да помогнат во потрагата по детето, откако било пријавено неговото исчезнување.

Веста за неговото пронаоѓање носи големо олеснување за семејството и за сите кои се вклучија во споделувањето на информацијата и потрагата.

Богдан е безбеден и повторно е со своите најблиски.

Претходна вестОва е Богдан: 4-годишното дете од Македонија кое исчезна во Албанија – секоја информација важна