ТВ21: Министер од ВМРО-ДПМНЕ во владината Whatsapp група утрово им ја испрати химната на Македонија

1865

Ден по изборите, еуфоријата во ВМРО-ДПМНЕ сè уште не згаснала. Утрово во владината Whatsapp група, еден од техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ ја испрати химната на државата, ексклузивно објавува ТВ21.

На пораката, лајкови доби само од своите сопартијци кои исто така се технички министри.

Од принт скринот кој го објавуваме се гледа дека групата има име „Vlada 2024“, а се гледа и името на Артан Груби.

Пораката е испратена во 09 часот и 14 минути утрово.

Претходна вестМаја Морачанин поднесе оставка – ДОМ ќе добие нов претседател
Следна вестВархеји до Мицкоски: Честитки за убедливата победа, да работиме заедно на следното ниво