Трагедија ја потресе Македонија: Во сообраќајна несреќа загина 18-годишник, додека 16-годишник е повреден

6975

Утрово Охрид се разбуди со страшната вест, загина 18-годишник во сообраќајна несреќа, додека неговиот сопатник, 16-годишник е повреден и префрлен во болница. Несреќата се случила во раните утрински часови.

На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски таблици, управуван од Д.Ц.(18) од Охрид, излетал од патот.

Д.Ц. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16-годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

претходниот член,По Струмица и водата во Берово не смее да се користи за пиење и готвење
Следната статијаТаткото Александар ми рече да му пишам порака на Илон Маск да ја најде Вања преку сателит, сведочеше братучетка на мајката Зорица