Пејачката Марија Миленковиќ од „Баракуда бенд“ почина во 48. година од животот, објавија српските медиуми.
Марија почина при крајот на април оставајќи го зад себе ужаленото семејство и нејзините две деца.
Нејзиниот погреб беше одржан на 28 април во Врњачка Бања, а од неа се збогуваа бројни колеги од соседството.
„Марија, остануваш во сеќавањата како глас, насмевка и добрина што не се заборава. Нека ти е лесна земјата, а на оние што те сакаа нека им остане утеха што те имаа. Збогум Марија“, пишува на Фејсбук страницата каде што пријателите и колегите се збогуваат од пејачката.
Инаку, Марија беше дел од бендот Баракуда, а со Славко Бањац го има снимено хитот „Ангели во свила“.
„Песната ‘Ангели во свила’ беше тука некаде. Марија и јас ја зграбивме и сега сме во цврста прегратка со нашите ангели“, изјави своевремено Славко за „Гранд“, а Марија тогаш го додаде и следново.
„Ова е пригода што долго време се чека. Горда сум на оваа соработка, ова сум вистинската јас“, изјави тогаш Марија.





