Тажна вест споделија од партијата: Почина познатиот политичар во Македонија

4696

Тажната вест ја објави лидерот на СДСМ:

Изразувам длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на прерано починатиот наш другар и сопартиец, Дејан Николовски.

Како долгогодишен активист, носител на функции и член на Извршниот одбор на СДСМ, Дејан остави значаен белег со својата посветеност, одговорност и искрена борба за социјалдемократските и општествените вредности.

Ќе го паметиме по неговата човечност, чесност и другарскиот дух.

Неговиот придонес во СДСМ ќе остане трајно врежан во сеќавањата на сите нас кои имавме чест да го познаваме и да соработуваме со него.

Нека му е вечна слава! Нека почива во мир!

Претходна вестТешка сообраќајна несреќа – има повеќе повредени
Следна вестБидете подготвени: Доаѓа нов ладен бран – ќе има и врнежи од снег