Бидете подготвени: Доаѓа нов ладен бран – ќе има и врнежи од снег. Иако веќе доаѓа и средината од мај – времето навистина изненадува.
Иако веќе сме речиси на средината на месец Мај, сепак веќе од 12 Мај 2026 Вторник територијата на Балканот ќе биде зафатен од нов доста ладен бран кој ќе се спушти од северозапад преку Алпскиот регион и
ќе донесе нагло заладување, пад на температурите за 10 до 15 па и за повеќе од 15 степени, силен ветер, дожд па дури и појава на планински снег.
Веќе од ноќта кон среда 12/13 Мај 2026 поголем пад на температурите очекувам да има и во Македонија.
Морам да напоменам дека оваа нагла и голема температурна промена особено негативно ќе се одрази врз метеопатите кај кој ќе има значителни здравствени проблеми.




