Во ек кога се слават матурските вечери, голема трагедија споделија од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“.
Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашата драга колешка, проф. д-р Флореша Села, соопштија колегите од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“.
Колегите од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ секогаш ќе ја паметат со особена почит по нејзиниот професионализам, посветеност и хуманост.
– Таа остави неизбришлива трага во образованието и воспитувањето на многу генерации, претставувајќи пример за знаење и благородност.
Нејзината загуба е голема за нашиот колектив, учениците и целата образовна и здравствена заедница.
Изразуваме искрено сочувство до семејството Села и до сите блиски. Нека ѝ е вечен споменот, стои во објавата.





