Таткото Виктор и мајката Марта очајни: Пронајдени телата на двете деца по страотните поплави во Шпанија

3677

Двете малечки деца Изан (5) и Рубен (3) биле пронајдени мртви на неколку километри од местото каде што поројот ги разделил од татко им Виктор и мајка им Марта. Двајцата браќа, кои силниот порој ги грабна од прегратките на татко им, се пронајдени мртви на „неколку километри“ од семејната куќа.

Се наведува и дека телата на момчето биле пронајдени на различни локации, а полицијата синоќа го информирала семејството за исходот од истрагата.

Рубен и Изан биле однесени од силна струја од станот кој бил уништен од поплавата, а иако таткото избезумено се борел да не ги пушти, по одредено време повеќе не можел да одолее.

„Ние сме уништени. Не очекувавме дека ќе бидат пронајдени живи, но секогаш боли кога ќе добиете потврда дека се мртви“, рекла нивната тетка Барбара Састре.

Нашите ангели сега нè гледаат одозгора“, вели друг роднина.

Да потсетиме, во поплавите беше уништена куќата на семејството Матиас. Соседите велат дека никогаш не виделе таква сила.

Таткото Виктор ги зграпчи своите синови во раце додека водата ги влечеше сите кон надвор. А потоа исчезнаа. Виктор бил пронајден четири часа подоцна, на околу 200 метри. Се држел за дрво.

Неговата мајка за Би-Би-Си изјавила дека тој веќе бил подготвен да се фрли во реката и да остави се на судбината, но не сакал да ја остави сопругата сама.

Да потсетиме, официјалното предупредување за разорни поплави беше испратено до мобилните телефони на граѓаните, но пристигна многу доцна, околу 20 часот. Многу Шпанци сега се огорчени од ова и веруваат дека многу животи би можеле да бидат спасени доколку предупредувањето дошло на време.

Претходна вестМу пресудија: Иранец силувал 200 жени, јавно обесен на гробишта
Следна вестЗгрозени сме, уплашени и вознемирени од одлуката на Судот – двојниот убиец да го пушти од притвор, фамилијата во шок