Меланија Трамп, поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, објави драматично црно-бело видео на социјалните мрежи, велејќи дека е време да ја каже својата перспектива, или „вистината“, како што таа ја нарекува, во своите мемоари.
Меланија Трамп, сопругата на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе ја објави книгата „Меланија“ на 1 октомври 2024 година.
Нејзините мемоари ќе бидат достапни за претходна нарачка на Амазон за 30 долари. „Пишувањето на овие мемоари за мене беше длабоко лично и провокативно патување“, вели таа во видеото објавено на нејзините профили на социјалните мрежи, со опис „Моја приказна. Моја перспектива. Моја вистина“, пишува Blic.rs.
„Како приватно лице кое честопати беше предмет на јавна контрола и погрешно претставување, чувствувам одговорност да ги исправам фактите. Верувам дека е важно да ја споделам мојата перспектива: вистината.
Видеото од 48 секунди започнува со тоа што поранешната прва дама зборува директно во камерата. Исто така, содржи сцени од нејзиното време во Белата куќа, вклучувајќи го и нејзиното патување во Африка и работата на нејзината кампања „Биди најдобар“.
Има и неколку фотографии од периодот кога се занимавала со манекенство и како млада мајка со нејзиниот син Барон. Прикажан е нејзиниот сопруг Доналд Трамп. Видеото е во црно-бела верзија со драматична музика.
Таа продава две изданија: колекционерско издание од 150 долари кое содржи 256 страници во боја, секоја копија потпишана од авторот. Изданието на мемоарите од 304 страници ќе биде достапно за 40 долари, а потпишаните копии достапни за 75 долари.
Поранешната прва дама беше тема на многу биографии и книги, но ова е првпат да ја раскажува својата приказна.