Светско, а наше: „Валандово фолк-фест 2025“, Гран-прито во рацете на Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев – одлична организација од градоначалникот Костадинов

446

Дуетот Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев се победници на синоќешното, 38. издание на „Фолк фест Валандово 2025“, со песната „Љубовта да расцути“ од Миле Барбаровски, по текст на Ѓорѓи Барбаровски, а аранжманот е на Дарко Илиевски. Тие добија најмногу гласови од стручното жири и од публиката, со чии гласови беше избран победникот. Второто место му припадна, исто така, на дуетот Василија Петрова и Благоја Грујовски кои ја исполнија песната „Што си ветивме“, додека третото место го освои Смиља Митреска која ја отпеа песната „Дојди“.

Организацијата беше на завидно ниво, буквално светско, а наше, коментираа сите присутни. Секоја чест за организацијата предводена од градоначалникот Перо Костадинов и неговиот вреден тим.

За најдобар дебитант е прогласен Чеде Спасиќ кој ја испеа песната „Наздрави пријателе“, а наградата за најдобра интерпретација и беше доделена на Јованка Јо која настапи со песната „Што љубов беше“.

Награда за животно дело постхумно му беше доделена на Гоце Арнаудов за се што создал на македонската музичка сцена и вредноста што ја оставил зад себе, а во ревијалниот дел настапи доајенот на македонската фолк песна, Перо Христов.

Инаку, на Фестивалот се натпреваруваа 22 композиции созададени во духот на македонската фолк музика.

Браво, големо браво за сите. Од учесници, до организатори и публика. Ова беше едно прекрасно искуство!

Претходна вестНема дилема: Ова ќе биде новиот министер за здравство на Македонија
Следна вестИсповед на маж од Скопје: Во велешки манастир ја видов Богородица во живo