Нема дилема: Ова ќе биде новиот министер за здравство на Македонија

2102

Повеќе нема дилеми, пронајдена е замената за Арбен Таравари.

Наскоро, Македонија ќе добие нови министер за здравство, а веќе е познато и неговото име.

Првиот вицепремиер на Владата, Изет Меџити, пред состанокот на коалицијата Вреди истакна дека Арбен Фетаи ќе остане заменик-претседател на Владата за добро владеење, додека коалицијата за министер за здравство ќе го предложи Азир Алиу.

„Во раководството на Вреди е усвоено дека Арбен Фетаи останува заменик-претседател на Владата за добро владеење, додека за министер за здравство ќе биде предложен Азир Алиу, а за другите позиции ќе се одлучува во наредните денови“, изјави Изет Меџити.

За потсетување, по заминувањето на Алијансата за Албанците на Таравари од коалицијата Вреди, сопартијците на Арбен Таравари, како што се Фетаи и Азир Алиу, останаа дел од коалицијата Вреди.

Претходна вестОглас за вработување во државна администрација – паричен нето износ на плата 50.323,00 денари
Следна вестСветско, а наше: „Валандово фолк-фест 2025“, Гран-прито во рацете на Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев – одлична организација од градоначалникот Костадинов