Супер вест: Може да добиете до 20.000 денари субвенции за инвертер клима- секој може да аплицира

1935

Жителите на Град Скопје конечно ќе ги добијат најавените субвенции за набавка на инвертер клима уреди, откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа ги потпиша решенијата за нивна исплата. Ова доаѓа по две години од последниот ваков повик.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ја потврди одлуката преку објава на Фејсбук.

„Доцна вечерва ги потпишав решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје. Со оваа мерка ги поддржуваме домаќинствата што инвестирале во набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди во 2025 година, кои ќе носат пониски трошоци, повисока енергетска ефикасност и значително подобри услови за живеење.“

Тој нагласи дека оваа мерка има директен придонес кон заштита на животната средина.

„Со инвестирање во клима уреди, правиме чекор напред кон почиста и поздрава животна средина. Со намалена потрошувачка на енергија и пониско ниво на емисии, тие директно придонесуваат кон заштита на воздухот и создавање поеколошко и одржливо Скопје“, објави Ѓорѓиевски.

Градот Скопје ќе им ги надомести трошоците на домаќинствата во нето износ до 20.000 денари по уред, при што данокот на личен доход целосно ќе биде покриен од Градот.

Ѓорѓиевски најави и континуитет на оваа мерка:

„Во периодот што следи, ќе продолжиме со нови јавни повици за субвенции, со цел да го олесниме секојдневието на нашите сограѓани и да го направиме нашиот град подобро место за живеење,“ истакна градоначалникот.

Претходна вестСлавчо Попоски најавува можно излевање на реките – еве во кои делови од Македонија