СТРАШНО: Со скалпел го исекол на вратот, обид за убиство на малолетник во тетовско

144

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничениот 28-годишник, на 26 септември, во фабрика во селото Голема Речица, со умисла се обидел да лиши од живот 17-годишник, нанесувајќи му посекотини со скалпел кај вратот и десното уво.

Оштетениот успеал да побегне, а осомничениот со скутер го напуштил местото на настанот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори односно да го доврши обиденото кривично дело.

Претходна вестХристијан Симоновски од Таеквондо клубот Младост ќе ја претставува Македонија на Светското Првенство за јуниори во Јужна Кореја
Следна вестЛицата заболени од ретката болест Вилсон и годинава апелираат да се направи нешто повеќе за дијагностицирање и контрола