Страшна вест ја потресе државата: Загинаа три лица, откако комбе се преврте на автопат – 5 лица се во болница

3227

Тројца патници загинаа, а петмина се префрлени в болница, откако попладнево се преврте комбе на автопатот Скопје-Велес, соопшти МВР.

“Во 17.45 ч. пријавено е дека на автопат Скопје -Велес, пред тунелот, се превртело комбе. Досега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител”, велат од МВР.

На местото на несреќата први помош укажале две екипи на Брза помош од Скопје и една од Велес.

претходниот член,Адвокатот на таткото на Вања контра инспекторот: Тој кажа голема лага – еве како било
Следната статијаЈавен обвинител и екипи на МВР вршат увид на местото на сообраќајката кај Катланово