Страшна несреќа ја потресе Македонија, 20-годишно момче итно пренесено во болница

3129

Дваесетгодишно момче се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во скопската населба Илинден.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 28 мај 2026 година околу 23 часот.

Судирот се случил на улицата „34“ во Илинден, помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички, управувано од 23-годишниот А.С., и мопед кој го управувал 20-годишниот П.С., двајцата од населбата Илинден.

Во несреќата потешко настрадал возачот на мопедот, кај кого во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле констатирани тешки телесни повреди.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а причините за судирот се утврдуваат.

Претходна вестУтре е Духовденска задушница – ова никако не треба да го правите на овој ден