Страотни сцени од невремето

Невремето предизвика повеќе штети при што пожарникарите-спасители интервенираа во поширокиот Струмички регион.

Силниот ветер и неповолните временски услови предизвикаа неколку настани на кои интервенираа екипите на ТППЕ Струмица.

Регистрирани се:

пожар на штала во с. Висока Маала,

Пожар на сува трева во с. Муртино,

отстранување на паднато дрво на коловоз во с. Ново Село.

Пожарникарите-спасители навремено интервенираа на сите локации со цел да се спречи поголема материјална штета и да се обезбеди безбедноста на граѓаните.

Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни по невреме, да избегнуваат движење во близина на оштетени дрвја, електрични водови и други потенцијално опасни места, а секој забележан пожар или опасност веднаш да го пријават на 112 или 193.

Претходна вестПристигна убава вест: Овие граѓани да си ги проверат сметките, ќе добијат прилив на средства
Следна вест(Видео) Снимки од страотното невреме во Македонија ги шокираа сите