Страотна сообраќајна несреќа Со порше со голема брзина ја исправил кривината и удрил во столб

1254

Во Минхен на 7 февруари се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал 33-годишен државјанин на Србија, додека возачот на автомобилот „Порше“, 32-годишен маж, бил тешко повреден.

Според информациите од германските медиуми, возачот изгубил контрола над возилото, излетал од патот и со голема брзина удрил во бандера на улицата Инголштетер, која е една од главните сообраќајници во северниот дел на Минхен.

Кога пристигнале пожарникарите и итната медицинска помош, возачот и сопатникот веќе биле извлечени од возилото со помош на минувачи. Двајцата биле во тешка состојба, а сопатникот морал да биде реанимиран на местото на несреќата.

Станува збор за професионален возач на камион, по потекло од Јагодина, кој бил сопатник во автомобилот и не управувал со возилото. И покрај постојаните обиди за реанимација и за време на транспортот до болница, тој починал.

Спортскиот автомобил бил целосно уништен во несреќата, а во интервенцијата учествувале околу 30 пожарникари, при што акцијата траела повеќе од три и пол часа.

Полицијата соопштила дека кај возачот не биле пронајдени траги од алкохол или дрога. Според првичните наоди, нема индикации дека станува збор за улична трка, но е утврдено дека возилото се движело со преголема брзина. Истрагата за причините на несреќата сè уште е во тек.

Претходна вестОгнена стихија уништи дом, пожарникарите на терен
Следна вестВеста која ја потресе Македонија: Ова е Стојанче кој си ја уби мајка си