Страотна несреќа ја потресе Македонија: 19-годишно момче го загуби животот

2568

Деветнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на регионалниот пат Куманово-Липково кај село Оризаре, Липковско.

Несреќата се случила кога автомобил марка „опел зафира“ со кумановски ознаки, управуван од Р.А. (21) од липковското село Никуштак, излетал од коловозот.

Возачот се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Куманово, а сопатникот, 19-годишниот Р.А. од село Никуштак, починал на самото место.

„Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А. (19) од с.Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт“,информираат од Министерството за внатрешни работи.

На местото на несреќата е извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово.

претходниот член,„Леташе“ орли пред навивачтие на Србија, па сега ќе лета порано дома: Косовскиот новинар избркан од Европското првенство
Следната статијаНовороденче почина во Битолската болница, таткото вели 18 часа не му кажувале што се случува со него