Ставањето на починатиот сопруг на Јанева на „црната листа“ било административна грешка

234

Ставањето на починатиот сопруг на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева, на „црната листа“, е административна грешка, одговориле од американската амбасада во Скопје.

Од американската амбасада за Телма ја потврдиле грешката и велат дека „имааат целосна доверба во доказите и собраните информации кои се побарани од нив, според американскиот закон, за да ја назначат Јанева на листата“.

-Тие податоци се внимателно проверени и овде и во Вашингтон за секој поединец што го вклучуваме на нашата листа. Стандардна практика е да се назначуваат членови на потесното семејство на оние за кои сметаме дека се вмешани во значителна корупција. Во овој случај, информациите за еден член на семејството не беа актуелни и се работи за административна грешка, одговориле од амбасадата.

Јанева и актуелниот градоначалник на општината Карпош и кандидат за претседател на државата, Стевчо Јакимовски, пред два дена се најдоа на американската „црна листа“, а на неа се најдоа и членовите на нивните семејства меѓу кои и починатиот сопруг на Јанева.