Србија вечерва нема да спие, малата Данка ја бараат над 1.000 луѓе, се вклучува и Жандармеријата – соседот открива детали од истрагата: Шансите детето да е тука се минимални

383

Соседна Србија вечерва тешко ќе спие.

Во потрагата по малата Данка Илиќ (2) вечерва се вклучени и хеликоптери кои цела вечер ќе летаат над Бор и околината. Во потрагата по девојчето Данка Илиќ (2), кое исчезна денеска околу 13 часот и 45 минути во градот Бањско поле кај Бор, пред малку се приклучи и Жандармеријата.

Според зборовите на мајката, додека му давала вода на второто дете, ја изгубила од вид својата ќерка и оттогаш од неа нема ни трага ни глас. Во потрагата по девојчето веднаш се вклучија полицијата, пожарникарите, но и бројни граѓани кои спонтано се собраа преку социјалните мрежи.

Пристапот до куќата моментално го чува полициски кордон, а на патот има голем број луѓе.

– Околу куќата на Илиќ има неколку дупки. Овде има многу дупки длабоки меѓу еден и два метра. Тие дупки беа исполнети со подземна вода. Моментално се користат полјаци за да се провери дали можеби девојката паднала во некој од нив. Засега ништо не најдовме кај нив – изјавил за Телеграф еден од соседите.

Уште еден сосед се огласи на социјалната мрежа Х и упати апел до јавноста.

– Луѓе, споделувајте ја сликата на ова дете колку што можете, таа исчезна буквално на 300 метри од мојата куќа. Пребаруваа 1.000 луѓе, војска, полиција, пожарникари, беспилотни летала со термални камери – без успех. Шансите детето да е тука се минимални.

Претходна вестЖена на која итно и треба секс се однесува вака: Оваа работа ја открива за 1 секунда
Следна вестДЕН ДВА: Цела ноќ врне страотен дожд – исто е и утринава, но спасувачите и доброволците остануваат на терен, потрагата по Данка во Бор продолжува