Снег во Македонија, познати деталите

212

Денеска времето ќе биде топло, наместа со појава на пороен дожд и услови за ретки грмежи.

Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m2).

Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег.

Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.

Во Скопје, до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во опаѓање.

Претходна вестВажна информација за сите кои летово ќе одат во Грција – многу внимавајте на ова