СНЕГ трупа во овие делови од државата вечерва – забрана за движење на одредени возила

294

Поради обилни врнежи од снег од 22ч и10мин. се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража- Кичево.

Во Македонија денес имавме умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и постудено време со пад на температурите, над 1000 метри со врнежи од снег. Во попладневните и во вечерните часови врнежите од снег ќе се спуштат и до 400 метри надморска висина. Во текот на ноќта врнежите постепно ќе престануваат.

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка. Појава на магла со видливост до 70 метри се бележат кај Страцин.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. Повеќе информации може да прочитате тука.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Бонус видео – Не е среќен оној кој многу има, туку оној на кој малку му треба

претходниот член,ТОЈ Е НЕВИН – адвокатот на таткото на Вања со порака до цела јавност: Зошто не го повикуваат на распит?
Следната статијаДоаѓа важен гостин: Од денес до сабота посебен сообраќаен режим во Скопје