ТОЈ Е НЕВИН – адвокатот на таткото на Вања со порака до цела јавност: Зошто не го повикуваат на распит?

339

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, осомнинеч за учество во слиосторството, досега не е повикан на распт. По објавите на српскиот политичар Срѓан Ного, кој тврди дека Александар е невин, адвокатот Туфегџиќ најави офанзива на одбраната.

Утре до Апелацииониот суд во Скопје ќе биде поднесена жалба за притворот на таткото на 14- годишната Вања Ѓорчевска, изјави за ТВ 24 адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ.

74-годишниот велешанец Панче Жежовски и 14-годишната Вања беа пријавени за исчезнати на 24 и на 27 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември. Еден месец по свирепите убиства, течат вторите 30 дена притвор за Александар Ѓорчевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и за Стефан Димковски, возачот на Љупчо Палевски Палчо, кого Обвинителството го сомничи дека е планер, организатор и реализатор на грабнувањето и убиствата. Палевски се уште е во затвор во Баликесир, Турција и за него се чека екстрадиција, за која се уште не се знае кога ќе се случи.

Освен жалба за притворот, бранителот на таткото на Вања, адвокатот Туфегџиќ, ќе бара ОЈО да му објасни зошто неговиот клиент се уште не е повикан на распит. Бранителот ќе бара и инфорамции како снимките, на кои се слуша гласот на Александар Ѓорчевски, стигнале во рацете на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного.

– Како бранител, до овој момент бев доволно трпелив и имав разборање. Неколку пати го контактирав Јавниот обвинител, меѓутоа до овој момент не добив одговор, ниту покана мојот клиент да даде исказ и да бидеме повикани во просториите на ОЈО да се запознаеме со доказите поради кои има основано сомнение за негова инволвираност. Јас сум лично изненаден од објавувањето на тие материјали. Истражните органи ќе треба да дадат одговор како и на кој начин се креирани материјалите и како дошле до лицето кое ги објавува. Во оваа прилика, јас можам да ја потврдам автентичноста на оној аудио запис каде што се слуша гласот на таткото, а надлежните истражни органи ќе треба да дадат одговор кој го креирал овој аудио материјал и како овој материјал е дојден до лицето кое ги објавува – вели Туфегџиќ.

Од Обвинителството за ТВ24 велат дека Ѓорчевски веќе дал исказ.

– Истражната постапка е во тек. Јавниот обвинител ги спроведува истражните дејствија онака како што налагаат доказите и потребите на постапката. Лицето за кое покажувате интерес даде свој исказ уште на почетокот на постапката. За разлика од останатите осомничени, тој ја негираше неговата инволвираност и какви било сознанија за настанот. Што се однесува до објавените снимки, јавното обвинителство веќе апелираше лицата кои објавуваат вакви снимки да размислат за етичноста на објавите и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите. – велат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Срѓан Ного објавува фотографии и аудио и видео записи на неговите социјални мрежи за овој случај.

Бонус видео – Не е среќен оној кој многу има, туку оној на кој малку му треба

претходниот член,Треба да направите една важна работа и тоа во ТИШИНА – Утре е трет ден Божиќ и се слави Свети Стефан
Следната статијаСНЕГ трупа во овие делови од државата вечерва – забрана за движење на одредени возила