Случај со силување на 14 годишно девојче ја згрози Македонија

1887

Полициски службеници од криминалистичката полиција во Дебар, го привеле Е.Ф.(20) од Дебар, кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка.

-Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на претставници од Центарот за социјални работи и по целосно документирање на настанот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Осомничениот е приведен вчера во 18:30 часот а како што се дознава станува збор за малолетничка на возраст од 14 години.

СЛИЧНА ВЕСТ: Советничка од Карпош која се бореше против зградата кај Воена болница добила закани дека ќе ѝ биде силувана ќерката

Советничка во Општина Карпош и членка на невладината организација „О2 Иницијатива“ која водеше битка против изградбата на зградата кај Воена болница, добивала закани дека ќе ѝ биде силувана ќерката.

„Телефонски добиваше закани да престане да зборува и да бара поништување на дозволата за градба на зградата кај Воена болница, во спротивно ќе и биде силувана ќерката. Овие закани се пријавени во полиција, но за жал епилог нема”, рече Татјана Чакулев од „02 Иницијатива“.

За зградата кај Воена болница која се гради и Општина Карпош не сака да ја стопира градбата, „О2 иницијатива“ поднесе претставка до Министерството за транспорт и врски.

„Министерството како второстепен орган може да ја поништи градежната дозвола и очекуваме дека министерот Александар Николоски ќе го стори тоа”, додаде Чакулев.

О2 Иницијатива со помош на УСАИД изработи платформа за борба на граѓаните и граѓанските иницијативи со корупцијата во урбанистичкото планирање. На платформата граѓаните можат да ги добијат сите информации за тоа како се носат урбанистичките планови, како да пополнат анкетни листови, а има и алатка за пријавување на корупција. Од О2 велат дека со оваа платформа ќе им помогнат на граѓаните подобро да ги разберат постапките за носење на ДУП-овите, да препознаа корупција и да бидат погласно како станува збор за хаосот со урбанистичкото планирање особено во Скопје.

претходниот член,Голем пожар кај Катланово, возете внимателно по автопатот Скопје-Велес – викендиците ќе бидат одбранети, велат од ЦУК
Следната статијаУХМР со најнова прогноза: Еве какво време не очекува во текот на викендот