ШОК детали: СВР Скопје го расчисти случајот со пожарот во Расадник

122

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, предвидено и казниво по член 288 од КЗ.

Имено, пријавениот, заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, на 03.09.2024 околу 15 часот во местото викано Расадник, на територија на општина Кисела Вода во Скопје, фрлале пиротехнички средства кои претходно ги запалиле со запалка, по што се запалила сувата трева и настанал пожар кој зафатил површина од околу три хектари.

Со брзата реакција на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со други служби, пожарот е локализиран и спречено е настанување на штета од големи размери.

На 05.09.2024 во 09.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Б. (28) од Куманово.

Тој се сомничи дека на 03.09.2024 од М.Ф.(74) одзел пари. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.09.2024 во 22.35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Х.M.(41) од с. Сопот, кумановско, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи “ по член 396 од Кривичниот законик. Х.М. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.

претходниот член,Дијабетесот доаѓа речиси незабележливо, и останува доживотно
Следната статијаМакедонија ја потресе страшна вест: 15-годишно момче падна од катна гаража, починало на лице место