Македонија ја потресе страшна вест: 15-годишно момче падна од катна гаража, починало на лице место

3336

Голема трагедија доцна синоќа ги потресе скопјани.

На улицата до катната гаража „Разловечко востание“ во центарот на Скопје, спроти Градскиот трговски центар (ГТЦ), синоќа било пронајдено безживотното тело на 15-годишно момче кое најверојатно паднало од катната гаража.

Извори од Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдија информацијата за Информа, но засега не откриваат повеќе детали за трагедијата.

МВР извести и:

Тешко повредена прилепчанка во сообраќајка меѓу „фиат“ и мопед.

Триесет и осумгодишна жена е тешко повредена во сообраќајка меѓу „фиат“ и мопед во Прилеп.

„Вчера во 16.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“, ул.„Генерал Васко Карангелески“ и ул.„Крушевска“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(43) и мопед без регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(38), двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ѓ. ,констатирани во Градската општа болница Прилеп“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Приведен крадец во Куманово

Полициски службеници вчера го привеле Е.Б. (28) од Куманово, кој се сомничи дека на 03.09.2024 од М.Ф.(74) одзел пари, соопшти МВР.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

претходниот член,ШОК детали: СВР Скопје го расчисти случајот со пожарот во Расадник
Следната статијаВо оваа медитеранска земја ручекот чини 4 евра, кафето 30 центи, а туристи речиси и да нема