Шефот на обезбедувањето на Мицкоски нападнал колега полициски службеник пред угостителски објект

259

Според порталот 360 степени, шефот на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ивица Б., рано изутрината нападнал колега полицаец кој извршувал службени дејствија, а веднаш по нападот бил лишен од слобода. Непотврдени информации велат дека полицијата, во потрага по дрога, сакала да изврши претрес во познат скопски локал, но дека Ивица Б., кој бил внатре во објектот, се обидел да ја спречи акцијата, по што е уапсен.

Од ВМРО-ДПМНЕ за „360 степени“ велат дека досега немаат информација дали Ивица Б. е задржан во полициска станица и дека ќе не известат откако ќе добијат повеќе детали од случајот

Синоќа имало тепачка помеѓу двајца полицајци пред угостителски објект. Дополнителниот министер во МВР Митко Бојмацалиев информацијата ја објави на Фејсбук и побара професионално да се расветли случајот.

„Згрозен сум од чинот што се случи ноќеска кога колега полициски службеник нападнал друг колега пред угостителски објект којшто во тој момент извршувал службени дејствија. Напад врз полициски службеник е напад на држава! Истиот е лишен од слобода и повикувам внатрешна контрола и СВР Скопје да постапат соодветно и максимално професионално“, напиша Бојмацалиев.

Од МВР потврдија дека имало ваков случај, но не открија кои се сторители. Воедно најавија повеќе детали за во текот на денот.

претходниот член,На пензионер му експлодирал половиот орган: Лекарите биле шокирани кога виделе што заглавил во меѓуножјето
Следната статијаТошковски потврди дека обезбедувач на Мицкоски нападнал друг полицаец – се огласиј и од ВМРО-ДПМНЕ, познато е што ќе сторат тие