Се запалил автобус полн со деца кои биле на екскурзија низ Европа

100

Автобус полн со ученици од основно училиште, денеска се запалил кај местото Криви Вир во близина на Боњевац во Србија. Снимките покажуваат дека автобусот целосно изгорел. Автобусот на транспортната компанија МБМ од Дољевац, превезувал ученици од шесто одделение од основното училиште „Никодије Стојановиќ Татко“.

Тие тргнале на дводневна екскурзија во источна Србија, организирана од туристичката агенција „Хало травел“ со седиште во Ниш.

– Автобусот ги имаше сите технички документи за негова исправност, претходно го прегледа и полицијата на Прокупје. На учениците ќе им биде надокнадена целата штета за немилата случка. Тие во моментов се сметени во Хотел и ќе бидат вратени со автобус на агеницајата дома. – „Хало травел“.

Детали за одговорност и причините засега од училиштето во кое учат децата не се соопштуваат.

– Децата се добро и за среќа навреме го напуштиле автобусот. Училиште „Никодије Стојановиќ Татко“.

Автобус се запалил во 10:50 часот сите ученици успеале да го напуштат благодарение на брзата реакција на возачот и наставникот. Според изјавите на родителите децата се жалеле на гадење, но дека сите излегле од автобусот.

Директорот на училиштето, Љубомир Вукиќевиќ за српските медими само кратко изјавил дека сега е само важно децата што се добро и што не се повредени. Истрагата за причините за пожарот е во тек. Властите најавија вонредна контрола на техничката исправност на возилата што се користат за организиран ученички превоз.

Претходна вестЃоковиќ го „збриша“ Нори – лесен пласман во најдобрите 8
Следна вестТрагедија во БИХ: Малолетник почина откако врз него падна гол