Се трага по лице од Бангладеш, не се појавил на работното место на автопатот во изградба Охрид – Кичево!

226

На 15.02.2024 во 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека Н.У.(33) од Бангладеш се оддалечил од домот каде привремено престојувал во Струга.

Според пријавеното, тој не се појавил и на работното место на автопатот во изградба Охрид – Кичево, каде што извршувал градежни работи за градежна фирма од Струга, а со себе ги зел и личните документи.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

претходниот член,Светот во шок и тага: Толку млад, почина Алексеј Навални – познати и детали од смртта
Следната статија(ВИДЕО) Се појави снимка од Навални, опозициски медиум во Русија порача: Ова не е последно видео од него – внимавајте што пренесувате