Се огласи мајката на починатото девојче за деталите по трагичната операција на крајници: Кога почнаа да ја будат, тогаш започна се

1585

Мајката на четиригодишното девојче кое почина по операција на крајници проговори за моментите што, како што вели, претходеле на трагедијата.

Таа раскажува дека интервенцијата првично поминала без забелешки и дека лекарите и рекле оти се е во ред.

Според нејзините зборови, проблемите започнале кога медицинскиот персонал се обидел да го разбуди детето од анестезијата.

Тогаш, како што тврди, состојбата на девојчето нагло се влошила и настанала паника во операционата сала.

Детето било итно префрлено во друга здравствена установа на понатамошно лекување, но и покрај напорите на лекарите, не успеало да преживее.

Семејството сега чека официјални резултати од обдукцијата, која треба да покаже што точно се случило по операцијата.

Во меѓувреме, надлежните институции најавија проверка на случајот, со цел да се утврдат сите околности поврзани со трагичниот настан.

Претходна вестРодена е како маж: Ова е жената која уби 9 лица и рани 25
Следна вестУжасна вест ги потресе сите: На 17-годишна девојка и е ампутирана ногата – по тешка сообраќајна несреќа