Се бара притвор за скопјанец – ја зграпчил за вратот екс сопругата и со тупаници ја удирал по глава

525

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 1 декември, во семејниот дом во селото Љубанци, при вршење семејно насилство, тој телесно ја повредил неговата поранешна сопруга со која по разводот на бракот продолжиле да живеат во заедничко домаќинство.

По вербална расправија меѓу двајцата, осомничениот со рацете ја зграпчил за вратот и ја стегал, продолжил со тупаници да ја удира по главата, нанесувајќи и телесни повреди изразени во вид на набиеници на главата и вратот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, пред се поради опасноста од бегство.

Претходна вестЈаневска: Ќе има одговорност за една наставничка која била организатор на приредбата во школото во Челопек
Следна вестСДСМ нема да ги поддржи интерпелациите за Тошковски, Исени, Меџити и Стоилковиќ што ги поднесе ДУИ