САД покажа дека не се шегуваат: Убиени најмалку 16 лица, повеќе од 25 се повредени – Бајден се огласи и порача дека ова е само почеток

235

Најмалку 16 лица загинаа, меѓу кои и цивили, а 25 се ранети во американските воздушни напади врз проирански цели во Ирак, соопшти канцеларијата на ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани.

Во соопштението се осудуваат нападите за кои се наведува дека се „нова агресија на суверенитетот на Ирак“ и ги демантираа информациите дека владата на Ирак претходно ги координирала нападите со САД, тврдења што се наречени лажни, пренесува „Ројтерс“.

Американската војска вчеравечер почна воздушни напади врз Ирак и Сирија, пришто се погодени над 85 цели поврзани со Иранската револуционерна гарда и милициите кои ги поддржува, како одмазда за нападот со дрон во текот на минатата недела во североисточен Јордан во кој загинаа тројца американски војници.

Војската на САД е повеќе од 100 пати во Ирак и во Сирија од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

Нашиот одговор почна, порача американскиот претседател Џо Бајден по синоќешните напади на САД врз проирански цели во Ирак и во Сирија кои доаѓаат по една недела од убиството на тројца американски војници во Јордан.

„Реакцијата ќе продолжи во место и време кои ние ќе ги избереме. Денеска попладне, според моите наредби, американските воени сили мети на објекти во Ирак и во Сирија кои Корпусот на иранската револуционерна гарда и милициите кои таа ги поддржува ги користат за напад врз силите на САД. Ние не бараме конфликт на Блискиот Исток или било каде на друго место во светот. Но, нека знаат сите оние кои сакаат да ни нанесат штета – ако наштетите на Америкцните, ние ќе одговориме“, порача Бајден.

Иранското Министерство за надворешни работи ги осуди синоќешните американски воздушни напади во Ирак и Сирија како „повреда на државниот суверенитет и територијален интегритет“ на двете земји.

Портпаролот на министерството Насер Канани, изјави дека нападите претставуваат „уште една ризична стратешка грешка на САД, чиј резултат само ќе ги зголеми тензиите и нестабилноста во регионот“.

претходниот член,Дечко и девојка се карале и тепале среде Аеродром – завршија во полициска станица
Следната статијаГолема трагедија во домот на Пере од „Нокаут“: Се огласи и самиот тој – Срцето ми е тешко додека се збогувам!