Родена е како маж: Ова е жената која уби 9 лица и рани 25

1903

Девет лица, вклучувајќи го и осомничениот, се пронајдени мртви по пукотницата во градот во североисточната канадска покраина Британска Колумбија, соопшти во среда канадската полиција, а 25 лица се повредени. Шест лица се пронајдени мртви во средното училиште Тамблер Риџ, а уште две лица се пронајдени мртви во дом за кој се верува дека е поврзан со инцидентот, соопшти полицијата.

Напаѓачката, Џеси Ван Рутселар, исто така е пронајдена мртва од повреди кои си ги нанела самата, соопшти полицијата, додавајќи дека не верува дека има други осомничени или понатамошна закана за јавноста. Во јавното известување испратено до мобилните телефони на граѓаните, напаѓачката е опишана како „жена со кафеава коса во фустан“.

Медиуми во Канада веднаш објавија дека станува збор за 18-годишен маж кој се идентификувал како трансродово лице. Полицијата подоцна објави дека станува збор за жена и разјасни зошто ја идентификувале осомничената како жена. Тие велат дека се воделе од начинот на кој таа се претставува во јавноста.

Кога беше прашан зошто осомничената не е идентификувана како трансродово лице, полицаецискиот претставник Мекдоналд изјави дека полицијата го идентификувала лицето „како што таа одбрала да се претстави јавно и на социјалните медиуми“.

Потоа Мекдоналд даде повеќе детали. „Можам да потврдам дека Џеси е роден како биолошки маж. Пред околу шест години, тој почнал да се трансформира во жена и оттогаш се претставува како таков социјално и јавно“, рече тој.

Осомничената имала проблеми со менталното здравје

Исто така, беше потврдено дека две лица, кои беа пронајдени мртви во куќа, се поврзани со осомничената. Според официјалните информации презентирани од Мекдоналд, тоа се мајката и полубратот на трансродовото осумнаесетгодишно девојче која го извршила масакрот.

Полицискиот службеник Мекдоналд, исто така, потврди дека полицијата евидентирала претходни интервенции во семејниот дом на осомничениот, од кои некои биле поврзани со проблеми со менталното здравје, и дека претходно го конфискувале нејзиното оружје, кое во меѓувреме ѝ е вратено.

Претходна вестЛошата вест брзо се прошири: Животот го загуби 5-годишно девојче, татко и Драган се бори за живот
Следна вестСе огласи мајката на починатото девојче за деталите по трагичната операција на крајници: Кога почнаа да ја будат, тогаш започна се