„Расадник“ почнува да се реновира, РК Вардар официјално се враќа во стариот дом

44

Спортската сала „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода денеска и официјално почнува да се реновира, за што ќе бидат потрошени 120 милиони денари (два милиони евра), објавија денеска министерот за спорт, Борко Ристовски, градоначалникот на оваа општина, Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицковски.

Се очекува овој објект да стане еден од најрепрезентативните во тој дел од градот и место каде што илјадници дечиња ќе ги направат првите спортски чекори, како што беше и во минатото. На денешната прес-конференција и официјално беше најавено дека „Расадник“ по завршување на реконструкцијата ќе стане дом на двојниот европски шампион РК Вардар, кој всушност ќе се врати дома со оглед што во минатото долго време како домаќин играше во оваа сала.

Рокот за завршување на работите е 20 месеци, но министерот Ристовски се надева дека овој рок ќе биде многу пократок. Салата „Расадник“ во моментов е руинирана и долго време во неа нема спортски активности, поради што Владата пред една ипол година ја даде во владение на општина Кисела Вода со цел да ѝ се врати примарната дејност.

Претходна вестМицкоски: Жестоко ќе одговориме на сите провокации и обиди за дестабилизација
Следна вестНотр Дам ја покажа својата обновена внатрешност пет години по пожарот