Путин пристигна во Монголија, но нема да биде уапсен

122

Рускиот претседател Владимир Путин, пристигна Монголија што е прво негово патување во земја членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако беше распишана потерницата против него.

МКС и украинските власти ја повикаа Монголија да го уапси Путин, кого судот го бара поради сомнение за нелегална депортација на украински деца во Русија, но портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков, минатата недела изјави дека Кремљ нема причина за загриженост во поглед на ова прашање.

Тој додаде дека „сите аспекти од посетата биле внимателно подготвени однапред“. Како и сите други земји-членки на Римскиот статут, кој го основа МКС, „Монголија има обврска да соработува со овој суд“, изјави неговиот портпарол Фади ел-Абдалах.

Доколку една земја-членка не ги исполни своите обврски кон МКС, тој суд може да го упати случајот до собранието на земјите-членки кои се состануваат еднаш годишно, но проблемот е што потенцијалните санкции всушност се ограничени на усно предупредување.

претходниот член,Блумберг: Турција поднесе барање за членство во БРИКС
Следната статијаГолема трагедија во Русија: По пад на хеликоптер – загина еден од најважните спортски личности во државата