Голема трагедија во Русија: По пад на хеликоптер – загина еден од најважните спортски личности во државата

788

Финансискиот директор на Фудбалската федерација на Русија Арсениј Замјатин и неговата сопруга Полина загинаа во падот на хеликоптерот Ми-8 на Камчатка, соопшти прес-службата на Федерацијата.

Замјатин имаше 34 години, а функцијата финансиски директор на ФФР ја извршуваше од јуни 2020 година. Пред тоа работеше во Министерството за енергетика

„Фудбалската федерација на Русија тагува заедно со семејствата на загинатите во оваа трагедија. Арсени ќе го паметам како голем професионалец кој го сакаше фудбалот и се трудеше да му обезбеди финансиска поддршка“, изјави претседателот на ФФР, Александар Дјуков.

претходниот член,Путин пристигна во Монголија, но нема да биде уапсен
Следната статијаКИНА: Училишен автобус удри во деца и родители, најмалку 11 загинати, има заробени под возилото