Прв пат во историјата на човек му е трансплантиран бубрег од свиња

471

Шеесет и двегодишен маж со краен стадиум на бубрежна болест стана првиот човек кој добил нов бубрег од генетски модифицирана свиња, објавија денеска лекарите од општата болница во Масачусетс во Бостон.

Четиричасовната операција на трансплантација, извршена на 16 март, „означува голема пресвртница во напорите да се обезбедат подостапни органи за пациентите“, се вели во соопштението на болницата.

Свинскиот бубрег бил обезбеден од eGenesis од Кембриџ, Масачусетс. Рик Слејман (62) е дел од програмата за трансплантација на болницата веќе 11 години. Во 2018 година му бил трансплантиран човечки бубрег, кој престанал да функционира пет години подоцна, па лекарите му препорачале ваков тип на трансплантација поради стадиумот на неговата болест, пишува CNN.

Докторот Тацуо Каваи, кој ја извршил операцијата, наведува дека органот е со точно иста големина како и човечкиот бубрег. Кога го ставиле бубрегот во телото на пациентот, тој веднаш добил црвеникава боја и почнал да произведува урина. „Тоа беше навистина најубавиот бубрег што сум го видел“, рече Каваи на прес-конференција.

Болницата соопшти дека Слејман добро се опоравува и треба да биде пуштен.

Претходна вестКривична против лицето што сакаше сосе трактор да влезе во казино
Следна вестМаркукуле со фото од лице место: Младо момче од Прилеп го загуби животот вечерва кај Плетвар