Претставнички на лицата болни од рак денеска го посетија Јавното обвинителство

130

Од 65 издвоени истории на онколошки пациенти кои примале билошка терапија од 2018 до 2022 година на Клиниката за онколигија, со помош на словенечки и српски експертски вештачења утврдено било несоодветно лекување кај 47 пациенти, информираа од здружението Хема-Онко по денешната средба со Основниот јавен обвинител.

Ана Марјановиќ онколошки пациент од истото здружение објасни дека, ваквите информации се од големо значење и за пациентите и за нивните семејства бидејќи како што рече, онкологија е местото каде сите пациенти бараат надеж и ден – живот повеќе.

Од Основното јавно обвинителство информираа и дека во следните денови ќе ги контактираат пациентите кај кои вештачењата утврдиле пропуст во лекувањето или нивните законски застапници со цел да ги информира и да им укаже на нивните права како оштетени.

Темата за Онкологија и денеска се најде на дневен ред кај најголемите политички партии. Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија поранешниот министер за здравство, а сегашен лидер на СДСМ, Венко Филипче за непостапување и молчење за како што велат криминалот со лековите на онкологија.

Лидерот на опозициската СДСМ, Филипче за ваквите обвиненија вели дека се лажна кампања која се води против него. Објасни и дека не чувствува никаква вина за случајот.

Предметот „Онкологија“ е поделен на два дела. Првото обвинение е за еконосмкото работење на клиниката и тука се опфатени две лица, поранешниот медицински директор д-р Нино Васев и организацискиот директор Нехат Нухи од Клиниката за онкологија кои се обвинети за злоупотреба на службената положба, измама и проневера на службата. За двајцата директори минатата недела беше определена мерка куќен притвор. Додека второто обвинение, пак, се однесува на третманот на пациентите.

Претходна вестПо 27 години бегство, во Грција уапсен Ацо Боцевски-циганот, осуден за убиство во 1998
Следна вестОфицијално: Стојанче Ангелов нов директор на дирекцијатa за заштита и спасување