Претседателката Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за гувернер на Народната банка

27

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка, сооштија од нејзиниот кабинет.

-При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, стои во соопштението.

Според Уставот, претседателот на државата го предлага гувернерот, а за негов избор е потребен 61 пратеник во Собранието.

Славески е актуелен претседател на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, универзитетски професор на Економскиот факултет во Скопје и поранешен министер за финансии.

Mандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска истече вчера.

Претходна вестЉубица Јанчева е избрана за претседателка на Форумот на жени на Градската организација на СДСМ