Пред убиството вечерва во Скопје, запален и кафич – неговото име го носи и една банда од скопското подземје

327

Пред убиството на таткото на Гани Туша, ноќеска имало пожар во кафулето “Барон” во Чаир.

Името “Барон” го носи и криминалната група чиј припадник е сега притворениот Гани Туша, поради што се истражува и евентуална поврзаност на пожарот со убиството во Блаце каде е застрелан таткото на Туша, потврдија за Телма, полициски извори.

Пожарот бил пријавен рано утрово околу 4 часот по што едно возило на противпожарната бригада интервенирало и за околу 40-тина минути го изгаснало пожарот.

Доцна попладнево е најдено телото на 56-годишниот Туша во Блаце. Неговиот син Гани Туша е во притвор во Скопје под сомнежи дека учествувал во двојното убиство во Шиша бар и во убиството на Халкидики кога беа ликвидирани тројца од кои двајца водачи на ривалската група Дуќанџик/Грчец.

Војната меѓу двете скопски криминални групи само минатата година резултираше со најмалку 4 убиени во пресметките и заседите во Скопје, Косово и Грција Со уличната гангстерска војна беа поврзувани и нападите врз Штекли во Ист гејт молот, како и повеќе убиства извршени во претходните 12 години. Мотивот за престрелките е борба за скопскиот нарко пазар, беа сомнежите на полицијата која на почетокот на годината направи акција за апсење на членови на групата Грчец.

Претходна вестОрце е еден од НАЈГОЛЕМИТЕ политичари во државата: Бажо, не го продавај скутерот, зачувај го – јас уплатив за лекување на Лео
Следна вестЃорѓе Давид се сретна со сопругот на жената од Куманово што ја прегази – раскажа што точно се случило