Орце е еден од НАЈГОЛЕМИТЕ политичари во државата: Бажо, не го продавај скутерот, зачувај го – јас уплатив за лекување на Лео

310

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски со сигурност е еден од најдобрите политичари, а воедно и еден од политичарите со најголемо срце. Благојчо од Кочани, кој инаку е лице со инвалидитет, објави дека ќе го продаде својот инвалидски скутер, а оној што ќе го купи односно тие пари тој ќе ги уплати на сметка за лекување на Леонид, момчето за кое цела Македонија се крена на нозе.

И за сето ова да има среќен крај, се погрижи Орце Ѓорѓиевски, кој уплати 30.000 денари на сметка за лекување на Лео, притоа му порача на Благојчо дека ова е благодарение на него, па затоа веќе нема потреба да го продава скутерот. Во продолжение и неговото обраќање:

Инвалидниот скутер кој Благојчо го продава ќе остане кај него – уплатив 30.000 денари за лекувањето на Лео!

На почеток, морам да кажам дека Благојчо е еден од многуте херои кои ги има Македонија, човек со големо срце на кој му се поклонувам.

Вчера ја видов неговата објава каде што го продава својот инвалиден скутер кој му е неопходен, само за малиот Лео Индов да стане на нозе.

Го продава, бидејќи државата е глува и се лечиме со смс пораки.

Народот е оставен сам на себе.

Но, секогаш се сплотуваме и испишавме многу успешни приказни досега.

Објавата на Благојче ме трогна, вели дека тој има сила да се турка и на раце само Лео да оздрави.

Не Бажо, нема да се туркаш на раце.

Скутерот ќе остане за тебе а ќе го станеме и Лео на нозе.

Сплотени!

Ги повикувам сите мои колеги, сите добронамерници да донираат за Лео, онолку колку што можат.

Немаме време за чекање. Лео мора да оздрави!

Бог да е со нас!

претходниот член,Што се случува со младината: Ученичка во училиште отишла со секира – познато како завршило се
Следната статијаПред убиството вечерва во Скопје, запален и кафич – неговото име го носи и една банда од скопското подземје