Познат е идентитетот на жената која беше пронајдена мртва во Охрид
Според пријавата до СВР Охрид, случајот бил пријавен денеска во 07:45 часот, по што на местото пристигнале екипи на Итната медицинска помош.
Педесет и тригодишна државјанка на Белорусија е пронајдена почината во хотел во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.
Смртта на И.Т. (53) ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.
По насоки на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, по што треба да бидат познати повеќе детали за причините за смртта.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.




