Рано изутринава, половина час по полноќ, избувна пожар во во станбена куќа во охридската населба Кошишта. Територијалната противпожарна единица од Охрид веднаш испратила четири противпожарни возила и седуммина пожарникари и пожарот бил брзо изгаснат и спречено било проширувањето.
Освен настанатата материјална штета нема повредени лице во пожарот. Причините за избувнувањето на пожарот треба да ги утврди истрагата.