Полицијата на нозе во Скопје: Малолетник од Карпош исчезна – отишол на училиште и не се вратил дома

3513

Во скопската општина Карпош е пријавено исчезнување на 17-годишниот М.И., чиј татко С.И. (47) пријавил дека момчето не се вратило дома по излегувањето од училиште. Последен пат било видено во близина на образовната установа, а по тоа му се губи секоја трага.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека веднаш е активирана процедура за исчезнато лице. Полицијата започнала со пребарување на поширокиот терен, како и проверка на главните локации каде што тинејџерот можел да се упати.

Инспекторите разговараат со неговите соученици и наставници за да се утврдат последните познати контакти и можни насоки на движење. Паралелно се анализираат и безбедносните камери од околните улици и објекти.

Јавноста е известена за случајот, а надлежните апелираат доколку некој го видел тинејџерот или поседува корисна информација, веднаш да ја пријави во најблиската полициска станица или на бројот 192.

Претходна вестНад половина милион жители се во ризик од нови поплави во Шри Ланка
Следна вестСтефани пронајдена мртва во Словенија